Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Да направиме заедно...
Да направиме заедно...
3.08.2007.


Да направиме....

 Вистински симбол на подобри времиња...

Место кое ќе го сплоти Велес...

Место кое ќе го потврди нашиот силен христијански дух... 

Место на кое сите заедно, за век и векови,  ќе ги прославуваме радосните моменти за овој град...

Вечна потврда на основните христијански принципи - Вера, Надеж и Љубов...


 Почитувани браќа и сестри,

Повардарска епархија продолжува и понатаму со градењето на новиот храм во центарот на Велес, посветен на семакедонските учители и просветители светите браќа Кирил и Методиј. Овој храм, за нас како Епархија има приоритетно значење, се разбира не занемарувајќи ги останатите градителски потфати, кои ние во претходните години веќе ги имавме започнато. Така, годинава очекуваме да заврши целосната реконструкција на Велешките цркви „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“ каде моментално, и на двете места, се изведува фрескоживописот, како завршна фаза пред нивно преосветување. Мораме да признаеме дека во овие тешки економски услови во Република Македонија градителски потфати и проекти многу е тешко да се изведат на време онака како што порано било планирано. Брзото реализирање на овие богоугодни дела сепак зависи од финансиските средства. Затоа напоменувам дека сите наши браќа и сестри кои помагаат во изградбата на православни духовни светилишта во исто време се градат и себеси, ја градат и историјата, но и вкусуваат од залогот на вечноста. Градењето на храм колку што е аскетско, толку е и естетско дело. Во животот сé се променува - се менуваат времињата, цивилизациите, градовите растат или се намалуваат, но светилиштата остануваат вечни, токму поради вечните вредности што во нив се случуваат. 

 Донирајте средства за доизградба на храмот „Св. Кирил и Методиј“, зашто градејќи Божји храм, всушност се градиме себеси како личности.

 

Депонент: Тутунска Банка

ж-сметка: 210040688821322

Македонска Православна Црква

Повардарска Православна Епархија

 

    

     

    

    

    

За подетални информации можете да се обратите во седиштето на Повардарската епархија на тел: 043 221 231