Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Манастир Св. Ѓорѓи - Валандово
Манастир Св. Ѓорѓи - Валандово
14.06.2007.


  • Манастир Свети Ѓорѓи - Валандово

          

Ова верско светилиште се наоѓа во еден живописен предел на планината Плавуш, северозападно од Валандово, расположено во тишината и спокојот на природата, на чија убавина најповеќе се воодушевува окото на намерникот, на љубопитникот.
Во средниот век на овој простор постоела мошне убава црква, посветена на Свети Ѓорѓи, од која зрачела убавината на валандовското поднебје.Неа ја подигнал српскиот цар Стефан Душан во 1349 година, а ја граделе неимари со развиена смисла за естетика.. Во 1349 година, црквата заедно со својот имот , царот Душан ја подарил на Атонскиот манастир на островото Атос. Во црковната повелба било нагласено дека средновековната црква Св. Ѓорѓи, има свои имоти во атарите на Валандово, Пирава и Раброво.

Според едно старо предание, кога Марко Крале се вракал од Прилеп од прошетка во планината Беласица, каде што ја одмерил својата сила фрлајќи големи камеља во Дојранското езеро од кои еден се забил во месноста Дикили Тас северозападно од Дојран откако ја минал Анска река, го запрел кољот Шарец над Валандово, во месноста Манастирот. Влегол во црквата Свети Ѓорѓи и се помолил на Господ. По краткиот одмор го продолжил патот кон Прилеп.



По доаѓаљето на Турците во Валандово, црквата Свети Ѓорѓи прераснала во манастир. Манастирската црква и конаците околу неа, биле оградени со високи и дебели ѕидови, скопчани со тешка железна врата.
Денешната манастирска црква е недоволно атрактивна. Таа е мала по големина и недоволно угледна. Градена е од камен, а во основата е спуштена за една степеница под нивото на бетонираниот трем, кој е нешто повисок од нивото на земјата. Оваа еднокорабна црква со низок свод , чија поственост е во насока исток-запад, лоцирана е до брегот на една удолница.
Внатрешноста на малата манастирска црква е исполнета со скромен фонд на икони, слики и дрвен намештај Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил 1931 година и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите. Дрвениот мал иконостас не е доволно упадлив. Авторите на иконите не се познати, но познати се некои од нивните дарители.
Во средината на јужниот зид се наоѓа таканаречениот владички стол , а лево од него се иконите .
Манастирскиот простор денес е прекрасно среден и претворен во излетничко место, место за уживање и одмор. Околу манастирската црква има три чешми со исцртани фрески и со многу питка и како што велат старите лековита вода
Инаку амбиенталното обликуваље на просторот околу манастирот ќе придонесе ова светилисте да служи, не само за развивање на интензивен религиозен живот, туку и за одмот и рекреација.
 
< Претходно   Следно >