Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Манастир Св. Ѓорѓи - Неготино
Манастир Св. Ѓорѓи - Неготино
20.10.2008.

 

Sample Image

 

 

 

Sample Image

 

 

 

Sample Image

 

 

 

Sample Image

 

 


Населението од Неготино, во 1960 година, на месноста наречена "Црквиште" во непосредна близина на реката Вардар, го изградува манастирот св. Ѓорѓи. Манастирот се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, каде што брегот во блага угорница се издигнува околу 100 метри над нивото на реката, а на највисокиот дел е изграден манастирот кој со својата околина, и нарочито широк поглед, се шири на североисток каде се протега коритото на реката Вардар и Пепелишкото поле па се до сртот на планината Серта.


 

Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 



Конаците на манастирот се изградени нешто подоцна од изградбата на црквата св. Ѓорѓи која е во склоп на манастирот, или поточно биле изградени при градбата на железничката пруга Скопје - Солун, а нив ги изградил (проектирал) инжињер по народност Пољак. Тој го подигнал конакот и првобитната цел и намена на конаците била за сместување на работниците кои работеле на пругата. По неколку години била пуштена пругата во сообраќај, а тоа било во август, 1873 год. кога и конаците ја завршиле својаата првобитна функција и намена, и истите биле подарени на црквата св. Ѓорѓи.

 

 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 

 


Старите конаци кои биле изградени од слаб градежен материјал, дрво, плет, тули и кал, се целосно обновени, кога 1978-80 г. на местото на старите конаци се изградени нови, од тврд матерјал со тенденција да се запази старата архитектура. Конаците имаат приземје и спрат, и располагаат со голем број на простории. Источната страна на конаците, која претставува и лице на објектот е свртен кон црквата и се наоѓа на едно повисоко издигнато плато. Та страна е целосно поврзана со чардаци и издадени балкони изработени во армиран бетон, од кој се шири поглед кон реката Вардар. Исто така, и конаците од јужната страна се реновирани од тврд материјал и претставуваат една целина сите заедно.
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 

Денес овие реконструирани конаци се користат повеќеструко, како преноќиште на туристи, верници, уметници, како и за разни собири на научни работници, ликовни творци, поети, за прослави и друго.
 
Следно >