Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Демиркаписка парохија
Демиркаписка парохија
3.06.2008.

Демир Капија

           

Црква „Успение на Пресвета Богородица”

 

Централна парохиска црква „Успение на Пресвета Богородица”. Изградена е во 1937 година. Други податоци немаме.

 

село Прждево

           

- црква „Св. Атанасиј”. На јужниот дел од селото на една височинка доминира селската црква =Св. Атанасиј+. Црквата е изградена во 1858 година запишана според натпис на една мермерна плоча поставена на источната фасада. Според својата архитектурна форма црквата е трикорабна чии кораби се формирани преку два реда колони. Централниот кораб повисоко се издига од страничните и сите три имаат рамни таваници декорирани со обоени квадратни полиња. На источната страна од надвор црквата има нагласени три апсиди од кои централната е олтарната а страничните две се од проскомидијата на северната и ѓаконикот на јужната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна а има и спореден од северната. Внатрешните ѕидови на црквата се насликани со фрески изведени во 1878 година. Потврда за ова е натписот од зографите кој гласи: =од рацете на  браќата сликари Вангел, Никола и Коста Анастасович зографи од село Крушево во лето 1878 декември 14+.

 

село Бистреници

           

- црква „Св. Петка”. Со изградба е отпочната во 1967 година, а завршена и осветена е во 1971 година. Други податоци немаме.

 

село Корешница

 

- црква „Свето Вознесение”. Овој храм е изграден 1972 година, а осветен 1984 година. Не е фрескоживописан.  Други податоци немаме.

 

село Клисура

 

- црква „Свети Никола”. Источно од селото во негова непосредна близина е црквата =Св. Никола+ подигната во XIX век, а фрескоживописана  во 1879 година. Овој податок може да се види од натписот испишан на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. Централниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено - сива боја. Корабите се формирани со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата одвнатре е изградена галерија. Главниот влез во црквата е од јужната страна а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија. Фреските во црквата ги имаат насликано браќата: Вангел, Никола и Коста од Крушево, во 1879 година.

 

село Чифлик

 

- црква =Свети Атанасиј+. Храмот е изграден во 1857 година, а фрескоживописан е 1879 година, од браќата Вангел, Никола и Коста од село Крушево. Други податоци немаме.

 

село Дрен

 

            - црква =Св. Никола+. Црквата е изградена во 1868 година, а обновена е во 1910 година. Во црквата нема постар живопис, а иконите се од 1910 година. Други податоци немаме.

 

село Копришица

 

- црква „Св. Георгиј”. Храмот е изграден во 1928 година, и не е фрескоживописан. Други податоци немаме.

 

село Драчевица

 

- црква „Св. Димитриј”. Јужно над селото Драчевица на едно возвишение се наоѓа селската црква =Св. Димитрија+ изградена во 1858 година. Оваа година е испишана на лакот од северниот влез во црквата. Црквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата кој гласи: =Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар+. Според својата архитектурна форма црквата е трикорабна со главен влез на северната страна. Иконостасот го исполнуваат мноштво икони каде среќаваме и нивно датирање од 1863 и 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица. Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.

 

село Бесвица

 

-нема храм.

 

село Барово

 

- црква „Св. Богородица”.  Црквата е изградена во 1868 година, а обновена во 1934 година. Според својот архитектонски облик таа е трикорабна со два реда колони и дрвени таваници. Црквата е осветлена со шест прозорци по три на јужната и северната страна. Има два влеза на јужната и северната страна. Фрескоживописот во црквата е од времето на нејзината обнова во 1934 година од зографот Г. Донев од село Гари, Дебарско. На иконостасот се наоѓаат царски двери изработени во копаница од копаничарот и зограф Исаија Џиков, кој се гледа од зачуваниот натпис на левото крило во долниот дел од дверите каде пишува: =Ктитори Лазо Марков и Митре... Мано Андо Ванко упокоени Траико Јанч... Ано Божин Дудо Масо Ион Пено Маро... Ла Зоки Димано Коле Атанас Софо упокоени: Марко Јане Божано Марче Недо зуграф Исаија Гикоф от Дебре село Осои 1870+.

 

село Вешје

 

- црква Св. Илија”. Кога е изградена црквата точно немаме податок, но се претпоставува дека е во втората половина на XIX век. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна. Има отворени тремови на јужната и западната страна а од истите тремови има и влезови за во црквата. Сите внатрешни ѕидни површини се зографисани. На парапетната табла од иконостасот има запис на кој пишува: =Из руки Глигур Петревич зог/раф/дебрели се/ло/Тресанче 1878+. Овој запис најверојатно се однесува на авторството на иконите на иконостасот а исто така и на фреските во црквата.

 

село Стрмашево

 

- црква Св. Никола”. Црквата е  изградена во 1885 година. Таа е трикорабна, без фрески и се наоѓа во урнатини.

 

 

 
< Претходно   Следно >