Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви во Богданци
Цркви во Богданци
2.06.2008.

Црква Св. Атанасиј - Богданци

 

- Централна парохиска црква „Св. Атанасиј”. Првичната црква во ова населено место била изградена во првата половина на XIX век, која со текот на времето неколку пати била обновувана, главно, со парични прилози на месното христијанско православно население. Според својата архитектурна форма таа е трикорабна чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, со покривна конструкција на две води. Средниот кораб ги надвишува страничните кораби. Црквата делумно е живописана, и тоа во горните делови од централниот кораб, чии фрески потекнуваат од XIX век. Таа има убав иконостас, со стари царски двери, изработени во резба со мотиви од растителен и животински свет, како и стари икони, со потекло од XIX век. Во 1983/84 година, е изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел; а во 1986/87 е изградена и крштелна, осветена со благослов на тогашниот поглавар на МПЦ, г.г. Гаврил.

 

            село Ѓавото

 

- Црква „Успение на Пресвета Богородица”. Црквата е подигната во 1834 година, а  обновена е во 1893 година од Андон Китанов. Таа пред почетокот на Првата светска војна била опожарена, но ѕидовите биле сочувани. Подоцна таа е обновена. Според својата архитектурната форма, црквата е трикорабна, со надвишен централен кораб и дрвени тавани во трите кораби. Храмот е долг околу единаесет метри и има покривна конструкција (на две води) потпрена на два реда колони со дрвени столбови. Црквата не е живописана по обновувањето, но има убав иконостас, изработен во поново време, составен од стари и нови икони. Старите икони датираат од XIX век.

 

 
< Претходно   Следно >