Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Успение на Пресвета Богородица, 2018
Успение на Пресвета Богородица, 2018
29.08.2018.

 

Sample Image

 

 Sample ImageНа празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледната колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаа својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот, големиот број на верници кои молитвено го исчекуваа принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, вистинскиот Бог, велелепните и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон“ од Велес, се моментите кои, на овој торжествен празник, во целост ни ја покажуваат вистинската димензија на православната вера, како единствен извор на нашето спасение.

Чествувањето во Велес, започна на 27. 08. 2017 со Вечерна Богослужба, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на која служеа свештенослужители од градот Велес. Во  средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес. На 26. 08. 2017 (сабота), поради големиот број на верници кој го посетуваат храмот на Успението во Велес, беше отслужен Молебен со Акатист на Пресвета Богородица.

 
< Претходно   Следно >