Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Излезе од печат „Проповедничка енциклопедија“
Излезе од печат „Проповедничка енциклопедија“
25.03.2015.

 

Sample Image

 

Издаваштвото на Повардарската епархија е збогатено за уште едно капитално дело, дело кое треба да биде задолжително присутно во личната библиотека на секој свештеник, во секој храм, па и во домот на секој верник. Во пресрет на Воскресението Христово, издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ ја подготви оваа книга, насловена како „Проповедничка енциклопедија“ која на своите 1050 страни нуди огромна инспирација за подготвување проповед, но самата не содржи готови проповеди. Таа е поле за размислување, помошно средство и поттик да се напредува во проповедништвото. Книгата е преведна од бугарски јазик, а преводот на нашиот македонски јазик го приспособија Митрополитот Повардарски г. Агатангел и дипломираниот теолог Гонца Запрова Анастасова.

На сите свештенопроповедници кои ќе ја користат оваа „Проповедничка енциклопедија“ им посакуваме успех во нивната мисија, која денес и овде ни е повеќе од потребна.

Книгата може да ја набавите во храмовите на Повардарска епархија, во седиштето на Повардарската епархија, или на телефон 043 221 231 и на електронската пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .

Во прилог на оваа вест можете да го прочитате и предговорот на оваа книга .

 
< Претходно   Следно >