Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Храмови низ Богомилската парохија
Храмови низ Богомилската парохија
3.06.2008.

село Богомила

 

- црква „Св. Атанасиј”. Изградена е во 1837 година.

- манастир „Св. Спас. Осветен е на 19. 05. 1996 година. Фрескоживописан е од Драган Ристиќ и Лазар Лекиќ.

           

село Ореше

 

- црква Успение на Пресвета Богородица. Реновирана е 1968 година, а фрескоживописана е од Миле и Јован Мацеви од Прилеп.

 

- манастир Св. вмч. Георгиј. Реновиран е во 2004 година.

           

            -манастир =Св. Јован+. Црквата била подигната во 1670 година од велешкиот епископ Јосиф. Во истата година била и фрескоживописана.

 

село Нежилово

 

- црква Св. Стефан”. Изградена е во 1887 година.

           

село Теово

 

- црква Св. Атанасиј. Изградена е во 1895 година. Градител на црквата е Андреј Дамјанов. Зографисана е од Димитрија Андонов - Папрадишки.

 

- манастир Св. Архангел Михаил. Камен темелникот на манастирот е осветен и поставен на 18. 05. 1994 година од тогашниот Митрополит Повардарски г. Михаил.  Осветена е 17. 05. 1998 година од митрополитите Тимотеј, Кирил, Петар и Стефан. Зографисана е од Драган Ристиќ, Лазар Лекиќ и Светозар Богдановски од Велес.

 

 

           

село Мартолци

 

- црква Св. Георги.

           

село Папрадиште

 

- црква Св. Петар и Павле. Изградена е во 1875 година. Градител на храмот е Андреј Дамјанов. Зографисана е од Димитрија Андонов - Папрадишки и Ѓорѓи Зографски.

           

село Оморани

 

- црква „Св. Константин и Елена. Изградена е во 1913 од Андреј Дамјанов, а зографисана е од Димитрија Андонов - Папрадишки.

 

- манастир „Св. Никола”. Манастирот Св. Никола се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Велес недалеку од десната страна на реката Бабуна и пругата Прилеп - Велес во близина на селото Оморани на падините од планината Мукос. Во негова близина се и селата Теово, Согле и Богомила, а сите во месноста Азот. Некои пишани податоци за настанокот на манастирот не постојат, а тоа значи дека манастирот долго не функционирал.Тој бил уништен уште во постаро време. Потеклото на манастирот можно е да се бара уште во византискиот период. Во турско време не се дозволувало да се ѕидаат нови православни храмови а само се уништувале со цел да се однародува македонското население. Тоа уништување на манастирите најизразито било кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век. Најверојатно тогаш настрадал и Оморанскиот манастир.

           

 

село Ораов Дол

 

- црква Св. Спас.

           

село Мокрени

 

- црква Св. Никола. Изградена е во 1852 година.

 

- манастир Св. Спас.

           

село Согле

 

- црква Св. Пантелејмон. Темелите ги осветил свештеник Ристо Наумовски на 11. 07. 1990 година, а црквата не е осветена. Фрескоживописана е од Новица Трајковски од Скопје.

 

- манастир „Св. Богородица”.  На 30 километри југозападно од Велес во реонот на с. Согле, а во соседство со селата Богомила, Бистрица и Теово, во месноста Азот се наоѓа манастирот Св. Богородица. За овој храм црковно - историските  извори ништо не зборуваат. Може да се претпостави дека тој потекнува од многу постаро време кога селото Согле не било уште исламизирано. Градбата на манастирот била изведена некаде во XIV или XV век кога уште немало доселено муслиманско население во Азот. Во периодот од 1850 до 1855 година биле поправени конаците па и црквата. Црквата му е куполна и мала. На 25.08.2007 година поставен е и осветен камен темелник за изградба на нови конаци. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.

 

Расофорен монах - Филотеј Наумовски, роден 06. 02. 1977 во Скопје, каде што завршува основно и средно угостителско образование. Замонашен е на 25. 04. 2006 година, во  манастир „Св. Леонтиј” - Водоча, Струмичко.

 

Расофорен монах - Никофор Зрнцев, роден 02. 06. 1978 во Штип, каде што завршил основно и средно текстилно образование. Замонашен е на 10. 03. 2006 година, во манастир „Св. Климент и Наум” - Хамзали, Струмичко. 

           

Село Капиново

 

-          црква „Св. Илија”. Изградена е во 1867 година.

 
< Претходно   Следно >