Благовештение - ден и на пчеларите |
7.04.2008. | |
Благовец е денот кога пчеларите се молат на Господ Исус Христос за
успешна и бериќетна година. Пчеларите од Велес по трет пат годинава одржаа
молитвословија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“.
Чинот на осветување на празничниот колач го изврши протоереј Зоран Грозданов, кој и самиот е член на
здружението на пчеларите на Велес. Домаќин на годинешниот собир беше
Влатко Андонов од Велес.
|
< Претходно | Следно > |
---|