Човекот не е само тело, туку е трослојно битие, тело, душа и дух, и секоја страна си бара своја храна, нега, грижа. Доколку не се грижиме доволно, или живееме неумерен живот, се појавуваат болести. За телесното здравје барем денес има многу достапни информации и многумина се грижат за здравјето на телото, преку здрава храна и вежби, за духовниот живот и духовното здравје ни зборува Господ преку Евангелието и делата на светите отци, а за душевниот живот и здравје како да не се грижиме доволно. Иако човекот е трослојно битие, не можеме да го раздвоиме, туку тој функционира како целина, па така, во Црквата ни е познато дека најголема болест е гревот, и од гревот се заразува и страда целото човечко битие, а сега и современата медицина и психологија (наука за душата, за душевниот живот на човекот) веќе научно дојдоа до истиот заклучок, дека телесните болести се поврзани душевните состојби и болести, па за да се излечи една телесна болест, човекот мора да направи промена во начинот на исхрана, однесување, живеење – истото она што Црквата со векови наназад го кажува. Современиот брз живот си носи свои болести и искривувања, периодот после пандемијата исто така сега ги покажува своите плодови во вид на психички болести и искривени состојби, па така, пастирите на Црквата ја следат будно оваа состојба и самите побараа да се издадат повеќе книги со соодветна содржина, за да можат и самите тие себеси да се разберат, да се излечат, а потоа и да им помогнат на верниците кои им се обраќаат за помош. Токму поради сето ова, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, нашата издавачка дејност ги подготви и ги издаде книгите „Како да излечат болестите на душата“ од архимандритот Лазар Абашидзе и „Пастирска помош на душевно болни“ од игуменот Евмениј Перистиј. Цена на книгите: „Пастирска помош на душевно болни“ .................................450 денари „Како да излечат болестите на душата“ ................................350 денари Книгите може да се најдат во сите храмови низ Повардарската епархија, а можете да ги порачате во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, да испратите порака на е-пошта:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, или, пак, да пишете порака на нашата ФБ страна.
|