Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Божествена Литургија, Скопје
13.05.2013.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 

 

Во втората недела по Воскресението Христово, Томина Недела, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во храмот „ св. Петкаво Скопје  во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Епископот Лешочки г. Јосиф.

По Литургија беше осветена возобновената црковна сала и библиотека.

 
Источен Петок - Балаклија
13.05.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image

Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитриј“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“.

И оваа како и сите години наназад, Велешани масовно ги посетија овие три христијански храмови. На овој ден, Митрополитот Повардарски Агатангел, во манастирот „Св. Димитрија“, во сослужение со свештенството од велешкото намесништво, отслужи Света Божествена Литургија, а во предвечерјето на празникот чиноначалствуваше со Вечерната Богослужба.

 

 
Донација за црковната кујна
9.05.2013.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

12, 000 денари, средства собрани од годинешната манифестација „Велигденско јајце“ беа донирани за потребите на црковната кујна во Велес од страна на градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев.

Во првата празнична недела кога го славиме најголемиот христијански празник ова е доказ дека  грижата за сите жители која ја има локалната власт е огромна. Се собраа извесни средства, средства кои сакаме да ги донираме во Црковно - народната кујна со една единствена цел да дадеме скромен придонес во хуманата акција која ја  спроведува  Владиката Агатангел“, рече г-дин Чадиев.

Секоја помош  во Црковно - народната кујна е добредојдена. Тука не по своја вина се прехрануваат многу наши сограѓани. Верувам дека новиот градоначалник  кој  е од редовите на демохристијанската партија ќе  има поголема грижа за потребите на најсиромашните и би сакам да му се зблагодарам бидејки еве уште во почетните негови денови ја покажува љубовта, грижата за своите сограѓани и за верниците на нашата света Македонска црква“, рече митрополитот Повардарски, г-дин Агатангел.

Владиката Агатангел ги повика сите хумани луге да го следат примерот на општина Велес.

Ги поканувам сите оние кои сакаат да донираат немора парично, може во храна, вооблека некогаш може оти ние собираме и облека и таа облека ја класифицираме и ја делиме на сите луге кои тука доаѓаат“, рече  Агатангел.

Од  100 до 150 велешани секојдневно по еден топол оброк добиваат во оваа Црковно народна кујна.

 
Воскресение Христово - Велигден
8.05.2013.
 
 
 

 

Sample ImageНајрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ  во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.

Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!

Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Воскресна Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.

Во неделата утрото, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици.

На втор ден Велигден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци, а на трет ден Велигден во црквата „Св. Недела“ во село Стојаково.

 

 
Велики Петок
8.05.2013.

 

Sample Image

 

Sample Image На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го слави погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“ во Велес, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение.

Исто така, во храмот „Свето Вознесение Христово“, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување  на постраданиот и погребан Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани  Пофални  песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок.

 
Велигденско издание на „Православна Светлина“
2.05.2013.

       Sample Image Во пресрет на торжеството над сите торжества, настанот кој носи радост во секоја човечка душа, настанот кој во себе ја содржи суштината на нашата вера, суштината и основата на христијанството и на нашето спасение, Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна Светлина“.

„Овој свет без Бога престојува во мрак. Но во тој мрак свети вечната светлина и темнината не може да ја победи. Затоа на денот кога го празнуваме Воскресението носиме запалени свеќи, за симболично да ја покажеме непобедливата сила Христова, која е светлина и живот. Светлината и животот секогаш одат заедно. Каде што има сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Така е и во духовниот свет - таму каде што има духовна светлина, таму каде што Евангелската светлина свети во душата на човекот, таму има и духовен живот, бесмртност, има трајни вредности, има светлина која од Бога излегува и која нè доближува до Него“.

Токму во овој извадок од една беседа на нашиот Митрополит г. Агатангел е соджана смислата на постоењето на ова списание, кое има основна цел, содржана во неговиот наслов – „Православна Светлина“, да ја донесе Божествената Светлина во нашите срца и читајќи ги редовите содржани во него да нè доближат до Престолот на Севишниот, да се обидеме да станеме подобни на Бога и да се обидеме да се подготвиме колку што можеме подостојно да вкусиме од залогот за вечноста, за да го обезбедиме нашето спасение.

И во овој број, 25 по ред, веќе во седмата година од неговото печатење,  стандардно, како и досега, обработивме  теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Од овој број, како прво издание од седмата година на издавање на „Православна Светлина“, решивме на нашите читатели да им понудиме и нов дизајн на списанието, којшто од досегашниот А4 формат, отсега ќе го печатиме во Б5 формат. Се надеваме дека ќе Ви се допадне.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1331 - 1368 од 1522