Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Пристигна чудотворната икона на Пресвета Богородица
15.05.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Вчерашниот ден (14.05.2024) беше ден за радост во неготинското село Тимјаник, радост и благослов за тиквешкиот регион, за Повардарската епархија, како и за целата Македонска православна црква – Охридска архиепископија. На иницијатива на наши браќа во Христа Спасителот, од селото Тимјаник, пристигна чудотворната икона на Мајката Божја – Скоропослушничка од манастирот Дохијар на Света Гора во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во селото Тимјаник. Иконата ја донесоа протоереј-ставрофор Василиј Фотис од градот Солун заедно со г-дин Димитриј Перпецис, исто така од Солун. Чудотворната икона на Мајката Божја беше пречекана од илјадници верници од сите краеви на Македонија, како и од целото свештенство на Повардарска епархија, кои, со Литија ја придружуваа до црквата, каде таа беше пречекана од Митрополитот Агатангел.

По пристигнувањето на иконата во црквата, најнапред г-дин Димитриј го изрази своето задоволство и радост од овој свет чин, а потоа го даруваше Митрополитот Агатангел со икона од Мајката Божја. Митрополитот Агатангел, пак, во своето обраќање кон сите присутни рече дека донесувањето на оваа икона во црквата во Тимјаник е голема радост и благослов за сите верни души од овој крај, како и за сите во Повардарската епархија. Тој ги повика сите присутни, како и оние што отсуствуваа, да дојдат и да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица и притоа со целото свое срце да го принесат своето покајание и да испросат благослов за свое и за здравје на своите најблиски, како и за мир и благосостојба во нашата татковина Македонија.

По Митрополитот Агатангел, и гостинот од Грчката православна црква го изрази своето воодушевување од срдечниот и велелепен пречек на чудотворната икона на Мајката Божја.

По поставувањето на иконата во централниот дел на црквата и палењето на нејзиното кандило, беше отслужена Вечерна богослужба, а потоа беше прочитан целиот Акатист на Пресвета Богородица. Откако заврши богослужбата, Митрополитот Агатангел подели мали икони на кои е претставена Мајката Божја – Скоропослушничка. Целиот овој настан помина во прекрасна молитвена и достоинствена атмосфера која уште еднаш ја покажа силната вера, љубов и надеж во Троединиот Бог, која македонскиот човек ја има во своето срце. 

 

 

 
Томина Недела
13.05.2024.

 

 
Sample Image    Sample Image
 
Sample Image    Sample Image

 

Во неделата посветена на Светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на Светoто Вознесение Христово во Гевгелија.

 
Источен Петок - Балаклија
10.05.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитриј“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“.

 

Во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, во предвечерјето на празникот се отслужи Вечерна Богослужба, а на самиот ден Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија.

 

 
Иконата на Пресвета Богородица – Скоропослушничка
9.05.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

Во радоста на Воскресението Христово, би сакале да Ве известиме за уште еден убав настан кој ќе се случи деновиве во нашата Повардарска епархија. На 14.05.2024 година (вторник), во 17.30 часот ќе пристигне чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во неготинското село Тимјаник. Иконата, од манастирот Дохијар на Света Гора, ќе ја донесат монасите од овој манастир до влезот на селото, од каде што со Литија ќе се донесе во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе биде дочекана од нашиот Митрополит Агатангел. По дочекот на иконата, во 18 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Следниот ден на 15.05.2024 (среда), во истата црква ќе се отслужи Света Божествена Литургија.

Ве повикуваме сите да дојдете на поклонение пред оваа чудотворна икона на Мајката Божја.

Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

 

 
Трет ден Велигден
7.05.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На третиот ден од Воскресението Христово (Светол Вторник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес.

 

 

 
Втор ден Велигден
7.05.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На вториот ден од Воскресението Христово (Светол Понеделник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1522