


| Архиерејска Литургија, 20.06.2010 |
![]() На денот кога Светата православна црква го слави споменот на Светиот маченик Теодот Анкирски и Преподобен Даниил Скитски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Димитриј“во Валандово.
На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од гевгелиското намесништво на епархијата, а молитвено присуствуваа многумина верни од кои дел се причестија со Светите Христови дарови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел и свештениците го посетија селото Раброво каде е во тек изградба на нова црква .
|
| < Претходно | Следно > |
|---|