Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Света Божествена Литургија според апостолот Јаков
5.11.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 05.11.2026 година, кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, свечено беше отслужена света Божествена Литургија според чинот на светиот апостол Јаков. Оваа древна литургиска богослужба, која претставува значајно духовно и богослужбено наследство на Црквата, се служи двапати во текот на годината, на денот посветен на споменот на светиот апостол Јаков и во неделата по Рождеството Христово, односно денот на светите Богоотци.

Со светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија.

Во молитвена и торжествена атмосфера, верниот народ имаше можност да земе учество во оваа посебна богослужба, која со својот древен чин и богато литургиско предание нè потсетува на апостолските корени на христијанската вера и на непрекинатото живо предание на Светата Црква.

 

 
Света Божествена Литургија во Росоман
2.11.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 22-та седмица по Педесетница, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Прохор Пчински и пренесувањето на моштите на свети Јован Рилски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Света Троица“ во Општина Росоман.

 

 
Преподобна Параскева-Петка
28.10.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светата Преподобна Параскева-Петка, во црквата во Кавадарци, посветена на оваа силно прославена и воспевана светителка меѓу нашиот македонски народ, се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија.

 

 
Света Божествена Литургија во Гевгелија
19.10.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Дваесеттата недела по Педесетница, на 18 октомври 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.

Во духот на молитвеното празнување и во чест на 130-годишниот јубилеј од постоењето на храмот, беа осветени фрескоживописаните икони на Светиот Нектариј Егински и Светиот Серафим Саровски, поставени на прекрасни резбани балдахини. Со овој свечен чин, храмот се збогати со нови светињи, кои ќе бидат украс на црковниот простор и поттик за молитва, духовно укрепување и благочестив живот на верниот народ.

Нека молитвите и застапништвото на светите Божји угодници бидат со сите верни, а јубилејот на овој свет храм да биде поттик за уште поголема вера, љубов и единство во Христа.

 

 

 
Покров на Пресвета Богородица - сеноќно бдение
14.10.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот Покров на Пресвета Богородица, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенството на Повардарската епархија, отслужи сеноќно бдение со Света Божествена Литургија.

По благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на овој голем Богородичен празник повторно беше воспоставена оваа древна богослужбена пракса во Повардарската епархија, која претставува особено значаен израз на православната духовна традиција, молитвениот подвиг и литургискиот живот на Црквата.

На бдението присуствуваше многуброен верен народ од сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, кој во заедничка молитва го прослави празникот посветен на Пресвета Богородица. Голем број верници останаа до раните утрински часови, пристапувајќи кон Светите Христови Тајни и причестувајќи се со Светите Христови Дарови.

Сеноќното бдение е древен богослужбен чин на непрестајна молитва, духовна будност и подготовка за средба со Господа. Преку псалмопеењето, молитвите и светата Евхаристија, верните се повикуваат кон подлабоко заедничарење со Христа и исполнување на својот христијански живот.

Нека молитвеното застапништво на Пресвета Богородица, чиј свет Покров го прославуваме, биде закрила и утеха за сите верни, а Господ Исус Христос да ги укрепува во верата, надежта и љубовта, дарувајќи им мир, духовна радост и спасение. 

 

 
Света Божествена Литургија во Кавадарци
13.10.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 11.10.2026 година, во деветнаесеттата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1798