Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Ѓаволот не го сака црквувањето
12.01.2010.

 

Сведоштво на Бецис Панајоту, од селото Кипсели на Закинтос: „На Божиќ во 1998 година, во навечерието, работев до доцна во мојата пекара. Отидов дома многу уморен и легнав да спијам. Жена ми ми рече да се облечеме и да одиме во црква, затоа што беше празник – Рождество Христово. Јас одбив, бидејќи без уморен. Жена ми се вознемири и одлучи и таа да не оди во црква.

Одеднаш во тој миг, едно мече (кукла) што беше во другата соба, почна самото од себе да пее, без да има таков механизам. И обајцата бевме потресени. За миг се облековме и отидовме во црква.

Духовникот когошто подоцна го прашав на Света Гора, ми рече дека ѓаволот се израдувал што успеал да нè убеди да не се црквуваме во таков ден и ја изразил својата радост преку песната што почнало мечето да ја пее, без да го допре некој.

 

Благоухание од безропотното трпение

 

Сведоштво на госпоѓата Ана Караиску-Стика од Верија: „Триесет години сум мажена и живеев 26 години со мојата свекрва во иста куќа. Поминав многу тешко, бидејќи последните пет години беше парализирана. Работев, и кога се враќав од работа дома ја наоѓав свекрва ми извалкана и куќата цела засмрдена.

На почетокот заради миризбата на куќата не сакав никој да ми доаѓа. Од моментот кога со помош на мојот духовник не го гледав тоа како непријатност, туку како благослов, престана да ми мириса куќата. Си врзав во умот дека му служам на Самиот Христос. Еднаш кога имав помисли и роптав, тогаш пак ја почувствував истата непријатна миризба.

Една вечер бев сама дома и бабата во нејзината соба. Отидов да ја видам што прави и тогаш видов дека таа беше фекализирала сè – чаршавите, ќебињата, тепихот. Иако по правило требаше да смрди, јас почувствував благоухание кое никогаш нема да го заборавам, и еден мир во мене извесно време, сè додека не ја исчистив бабата. Од тој ден кога го почувствував тоа благоухание па сè до смртта на бабата, секој пат кога требаше да ја чистам или да ја бањам, чувствував во мене мир, спокој и ништо не ми мирисаше“.

 

Превод од новогрчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Ασκητές μέσα στον κόσμο Α΄,

Άγιον Όρος, 2008

 

 
< Претходно   Следно >