|
Света тајна - Свештенство |
|
На 01.11. 2009 година Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици од кавадаречкото намесништво отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Богородица“ во Тимјаник. Литургијата молитвено ја проследија поголем дел од жителите на ова село.
Митрополитот Агатангел на Литургијата благоволи и ја положи својата рака врз главата на ѓаконот Драги Гаштарски, кој ја прими Светата тајна Свештенство. Со ова ракоположување се збогати клирот на Повардарската епархија за уште еден пастир на нивата Господова, со што сега епархијата има 40 свештеници. |