


| Вечерна Богослужба |
![]() Во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски, со Вечерна богослужба започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква,
Свети Климент, во Повардарската епархија. Голем број верници беа
присутни на Вечерната Богослужба, каде молитвено се поклонија на
Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините
верни чеда.
По завршувањето на Вечерната, секретарот на Повардарската епархија, ѓаконот Влатко Стоименов имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква. Епархискиот хор ја збогати вечерта со своите прекрасни звуци, а епархијата приреди коктел за присутните
гости. Утре на самиот ден на празникот ќе биде отслужена Света
Божествена Литургија, исто така во епархискиот параклис. Празникот се празнува и како државен празник на Република Македонија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|