


| На празникот на Свети Климент |
|
На празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети
Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена
Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. И на денешниот празник беше отслужена заупокоена Литургија за покој на душата на Московскиот Патријарх Алексеј II. По завршувањето на Литургијата беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта. |
| < Претходно | Следно > |
|---|