|
На 04. 01. 2009 година, ден недела, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на светата маченичка Анастасија и светите маченици Хрисогон и Теодот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи заупокоена Литургија за покој на душата на Епископ Гаврил Светогорец.
Литургијата беше отслужена во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во присуство на повеќе свештенослужители од градот. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници кои се причестија со Светите Христови дарови.
|