


| Ново издание на Повардарската епархија |
| 22.12.2008. | |
|
Излезе од печат ново издание од издаваштвото на повардарската епархија. Станува збор за Богородичниот Псалтир со шест празнични акатисти и молебен канон на Пресвета Богородица. Овој псалтир се печати за првпат на македонски јазик, а преводот од руски јазик го направи ѓаконот Јани Мулев. Богородичниот Псалтир е дело кое треба да го има во секој христијански дом, а може да се најде во храмовите низ Повардарската епархија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|