Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Средба со просветните работници за веронауката
20.10.2008.
 
 
 
Sample Image
 
 

На ден 18. 10. 2008, сабота, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ - Неготино, во организација на Повардарска епархија и со благослов на Митрополитот повардарски г. Агатангел, беше организирана средба по повод воведувањето на предметот веронаука во основните училишта во нашата земја.
 
 
 
Sample Image
 
 
 

 Средбата беше организирана на ниво на Повардарска епархија. На ова средба учество земаа претставници на бирото за развој на образованието, директори на основни училишта, класни раководители во петто одделение и вероучители. Поводот на оваа средба беше воведувањето на предметот веронаука во основните училишта. На средбата говор одржа Митрополитот повардарски г. Агатангел, а предавање одржаа и двајца гости професори на Богословскиот факултет во Скопје, д-р Ѓоко Ѓорѓески и м-р Петко Златески. Целта на оваа средба беше запознавање на присутните  со програмата на предметот веронаука, како и со проблемите кои настанаа во процесот на воведување на истиот. На средбата беше развиена дискусија од која на крајот беа донесени заеднички заклучоци  за тоа како да се постапи наредната година за да се избегнат актуелните проблеми. По завршувањето на дискусијата за сите присутни гости беше послужена трпеза на љубовта. 



  
Sample Image
 
 
Sample Image
 
< Претходно   Следно >