


| Св. Наум Охридски |
Чествувањето на
споменот на големиот охридски чудотворец свети Наум, традиционално се одбележа
во манастирот на брегот на Охридското Езеро, каде почиваат моштите на свети Наум
Охридски.
Вечерта на 02 јули
(среда) надлежниот Митрополит на Дебарско-кичеваката епархија г. Тимотеј
присуствуваше на Вечерната богослужба, а митрополитот Повардарски г. Агатангел
со свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија и од Повардарската
епархија отслужи празнична Вечерна богослужба.
Утредента во манастирската
црква Митрополитот Тимотеј во сослужение со Митрополитот Агатангел и бројни
свештеници и свештеномонаси, отслужи Божествена Литургија. На Божествената
Литургија со празнично слово кон верниот народ се обрати Владиката Тимотеј, а
потоа Владиците и свештенослужителите се упатија во манастирскиот двор каде што
беше извршен Водосвет и беа благословени и прекршени празничните лебови.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|