


| Томина Недела |
|
Во Неделата посветена на блаженото неверие на Светиот апостол Тома, во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на клирици од велешкото и кавадаречкото архиерејско намесништво.
Пред почетокот на Литургијата Митрополитот Агатангел го произведе во чтец ученикот во Православната богословија, Александар Ѓорѓевски.
На Литургијата, Митрополитот Агатангел проповедаше за блаженото неверие
на апостолот Тома, за тоа како тој не поверувал во Восресението на Исус
Христос, но откако Господ му се јавил и му ги покажал раните од
клинците дури тогаш тој поверувал. Но и покрај блаженото неверие на
апостолот Тома, тој отишол во Индија да шири Словото Божјо и ја основал
Индиската Црква.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|