Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветена црквата „Св. Никола“ во Маврово

 

 

 
Sample Image
 



 
 
Sample Image
 

 

 

Во Маврово, на брегот на Мавровското Езеро, на денот кога православниот свет го чествуваше споменот на светите македонски просветители Кирил и Методиј, беше осветена црквата „Св. Никола“, а беа осветени и темелите на манастирските конаци. По половина век, воскресна импозантниот црковен храм, што е достојна замена за црквата „Св. Никола“, која во средината на минатиот век беше потопена при создавањето на Мавровско Езеро.

 

 

 
 
 Sample Image
 

    Чинот на осветување го изврши Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил, во сослужение на  Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На чинот на осветување присуствуваа и голем број свештенослужители на Полошко-кумановската епархија, а чинот го проследија и неколку стотина верници и туристи од нашата и од соседните држави.

    Чинот на осветување на храмот започна со Света Божествена Литургија, а во предвечерјето на настанот беше отслужена и Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
   

 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
По осветувањето, во манастирската црква своето судбоносно „да“ го изговорија Јовица Петрески од с. Маврово и Марија Савевска од с. Печково. Нивниот брак го благослови митрополитот г. Кирил. Во непосредна близина на манастирската црква беше поставен и осветен темелот на манастирските конаци. Манастирските конаци ќе се градат во стилот и традицијата на македонската народна архитектура и ќе располагаат со околу 1.000 квадратни метри корисна површина, а се планира да се изгради за две-три години.
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
   
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 Sample Image
 
 
 Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >