|
Литургија на претходно осветени дарови - Гевгелија |
|
18.04.2008. |
|
На 18.04.2008 година, ден петок, во црквата „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија беше отслужена Литургија на претходно осветени дарови. Со литургијата чиноначалствуваше протоерејот Миле Штрбевски, а во сослужение на свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата.
По Литургијата на претходно осветените дарови беше извршена исповед на
свештенството. Покрај сите свештеници од гевгелиското намесништво и
верниот народ, на Литургијата присуствуваа и сестри од Марков манастир,
кои работат на фрескоживописување на храмот.
|