Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
03 .06. 2007 Осветување на темели за црква
6.06.2007.

На 03. 06. 2007 г.  кога се празнува денот на св. Константин и Елена и недела на Сите Светии, Митрополитот Повардарски   г.Агатангел служеше Света Литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица - Велес.
                                
Sample Image
Во својата проповед Митрополитот Агатангел ја истакна големината на личноста на сите светители кои со својата преголема љубов кон Бога не само што потполно се предавале на Божјата волја подвизувајќи се, туку тие се труделе да градат и храмови во кој што христијаните секојдневно ќе се собираат на молитва а истовремено да учествувааати и на Светата Литургија причестувајќи се со Светите Тајни.

И денешните светители св. Константин и Елена се оние кои постојано се присетувале на зборовите на псалмопевецот Давид кој вели: „Ревноста за домот Твој ме изеде“, па изградиле многу бројни цркви во тогашна Византија која една од нив е и храмот на „Воскресение Христово“ во Ерусалим.

Sample Image


Така и во денешно време има места во нашата држава каде што нема храмови а народот има насушна потреба од дом Божји, па сите ние да се трудиме да помагаме во правење на добри дела на „нивата Господова“.  

 

 

Sample Image


После Литургијата Митрополитот Агатангел отиде во селото Отовица каде што се наоѓа резиденцијата на Повардарскиот митрополит, осветувајќи темели за црква која ќе биде посветена на „св. Ѓорги Победоносец“. На осветувањето покрај многубројниот народ присуствуваше и градоначалникот на општина Велес г-дин Аце Коцевски и председателот на месната заедница на населбата Отовица господинот Стојче Јовановски.


 
< Претходно   Следно >