


| Слово на Архиепископот Г.Г. Стефан по повод јубилеите |
| 14.05.2008. | |
|
Слово на Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан по повод јубилеите
СПАСОНОСНИТЕ ПЛОДОВИ НА СЛОБОДАТА
„Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името на Севишниот” (Пс. 91,1). За с# да Му благодариме Нему, зашто таква е Неговата волја спрема нас (сп. 1 Сол. 5,18).
Возљубени во
Господа,
Во овие повелигденски
денови, кога кај сите нас с#
уште се свежи великопразничните
торжествени чувства, еве, по милоста на
воскреснатиот Господ, се собравме
за да одбележиме достојни настани
од нашето македонско црковно воскресение,
настани од поновата историја
на нашата Света Црква.
Имено, оваа година се
навршуваат 50 години
од возобновувањето на
Охридската архиепископија во
лицето на Македонската православна црква, како и 30 години од
возобновувањето на Велешката како Повардарска епархија и 10 години
од хиротонијата за
епископ на митрополитот Агатангел.
Сите овие настани
носат длабок печат на нашето време, време
во кое како народ,
иако, за жал, само на еден дел од македонската земја, се изборивме за
духовна и национална слобода, која,
пак, покрај другото, придонесе
да $ се врати славата
на нашата Света Црква
- древната Охридска архиепископија, која неканонски,
и од друговерна власт, беше укината во
1767 година.
И покрај многубројните
обиди да се
возобнови Охридската Архиепископија, од духовници
како и од
поединци - првенци и
видни личности од
нашиот род, како и барања упатени од цели наши градови
и села со
гласно и јасно неприфаќање
на туѓинската духовна власт,
сепак не се
успеало да се
направи нешто позначајно, пред да се случи целосно
ослободување.
Црковно-училишните општини, како замена за
мајката Охридска Црква, формирани
во поголемиот број македонски
градови (во Охрид 1758, во Тетово
1830, во Кукуш 1830,
во Прилеп 1830, во Крива Паланка
1833, во Скопје
1835, во Банско
1837, во Велес 1843,
во Ново Село - Штипско
1850, во Куманово
1851, во Неврокоп
1860, во Битола
1864, во Штип и во
Струмица 1867,
во Солун 1868, во Крушево 1869, во Воден 1870,
во Серез 1871, во Лерин 1880 итн.), како и дејноста на
преродбениците, меѓу кои свое место имаат и духовни лица (Јоаким
Крчоски, Кирил Тетоец, Теодосиј
Синаитски, Партениј Зографски, Теодосиј
Гологанов, Натанаил Кучевишки и др.) и истакнатите
интелектуалци и книжевни творци
(меѓу кои особено се истакнале: Григор Прличев,
Димитриј Чуповски, Кузман Шапкарев,
Крсте Мисирков и
др.), дале свој придонес
во зачувувањето на
споменот за Охридската архиепископија, како и свој прилог во борбата за
истата да се
возобнови.
Но, како обично
тоа се случува - народ
којшто нема национална слобода и којшто нема своја независна држава - не е возможно ниту да ја
чува, ниту да
се избори за
духовна и црковна слобода.
Така, дури во
првите ослободени македонски територии, во текот на
Втората светска војна, покрај
организирањето на народна власт,
паралелно се формирала и духовната - црковната власт.
Свештеничкото собрание во Издеглавје - Дебарца, во 1943 г., е првата <бела
мугра“ која го најавила денот и го објавила времето што
ќе дојде! Со ослободувањето
(1944 г.)
и признавањето на
Македонија како федерална единица
во тогашната ФНР Југославија,
се создале услови за разрешување и
на црковното прашање. Веќе во февруари 1945 година, во Скопје,
се одржал Првиот црковно-народен собор, на кој учествувале свештеници и
претставници на црковните одбори
од цела Македонија, кои едногласно
се искажале за
обнова на Охридската архиепископија и
создавање на Македонска православна црква, за што бил избран
и Иницијативен одбор за организирање на
возобновената црква.
Но, иако повоена
Југославија се потпираше врз рамноправноста на
сите и врз братството
и единството, кога биле во прашање Македонците
и Македонија, многу експерименти
од различни области биле токму тука испробувани,
запоставувајќи ги дури и националните и
духовните интереси на
македонскиот народ. Таков однос бил покажуван и за црковните потреби
и прашања на
православните во најјужната југословенска република, иако и светите канони
и практиката на
Светата Црква биле на наша страна. Затоа,
во декември 1946 година се
одржала свештеничка конференција во
Скопје, на која бил избран нов состав
на Иницијативниот одбор и биле дадени нови насоки во
односите меѓу идната МПЦ и СПЦ. И, наместо меѓу Скопје и Белград да се решаваат недоразбирањата, тие станувале с# поголеми и подлабоки. Македонското свештенство и народ не можеле да отстапат од избраниот пат: ниту имало, ниту можело да има алтернатива за желбата да се возобнови Охридската архиепископија. Кога Архиерејскиот сабор на СПЦ, на своето заседание од месец мај 1958 година донесол негативна одлука за барањето на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ, како што, меѓу другите, било и барањето за хиротонија на епископи за македонските епархии од македонско потекло, па по таквиот негативен став на СПЦ, Иницијативниот одбор донел одлука за свикување на Втор црковно-народен собор и истиот се одржал во Охрид од 4 до 6 октомври 1958 година.
Возљубени, патот на Македонската православна црква како возобновена Охридска архиепископија е пат што го оделе и изодиле скоро сите возобновени или новоорганизирани помесни православни цркви. Така, на пример, СПЦ, која била укината во 1766 година, на Соборот одржан во декември 1918 година во Сремски Карловци, била донесена одлука за обединување на српските митрополии во една СПЦ, како возобновена Пеќка патријаршија, што и се потврдило на соборите во 1920-та, односно 1924 година. И Бугарската православна црква, чија Трновска Патријаршија има многу слична историска судбина со Охридската и Пеќската Архиепископија, по нејзиното укинување во 1393 година, била обновена во 1870 година со помош на Отоманската власт како Егзархија и по поминатите 75 години како непризната од Цариградската Патријаршија, конечно во 1945 година дошло до помирување и во 1953-та истата била прогласена за Бугарска патријаршија како замена за некогашната Трновска Патријаршија. Грците, пак, и покрај тоа што и Цариградската и Источните Патријаршии се грчки, штом, по неколкуте востанија во 20-те години од 19 век се стекнале со слободна територија, и по обидите да се возпостави независна од Цариград црковна власт, по прогласувањето на монархијата во 1833 година, со кралски указ бил свикан архиерејски собор, кој и се состанал на 23 јули 1833, и по четири дена, на 27 јули, истиот прогласил независност за Грчката православна црква. И покрај противењето, Вселенската патријаршија, по десетина години, на 29 јуни 1950-та година, ја признала за автокефална помесната црква во Грција...
Поучени од овие и од слични на нив примери меѓу православните цркви, и нашите претшественици го следеле тој пат и направиле ист или сличен чекор. По ослободувањето на еден дел од Македонија било логично да се очекува возобновување на Охридската архиепископија, кое нешто и го направила тогашната наша македонска генерација. По свештеничкото собрание во Издеглавје - 1943-та, по Првиот Црковно-народен собор во Скопје 1945-та, и по Свештеничката конференција, пак во Скопје, во 1946 година и по она како се одвивале работите, логично било и очекувањето, и одржувањето, и одлучувањето на Вториот црковно-народен собор, одржан во 1958 година во Охрид.
Тој голем историски собор, за кого што си спомнуваме со должна почит, всушност, бил продолжување и реализирање на сите претходни напори и обиди во изминатите скоро два века да & се врати славата на древната Охридска Архиепископија. Од Соборот, покрај другите, особено значајни се одлуките - за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква, изборот на Топличкиот епископ Доситеј, викар на српскиот патријарх, за Архиепископ Охридски и Скопски и Митрополит Македонски, како и донесувањето на Уставот на МПЦ.
Возљубени чеда на МПЦ,
Размислувајќи за овие настани од пред 50 и повеќе години, се наметнува заклучокот - колку богољубови и родољубиви, колку црковни и евангелски одлуки донесле соборјаните од пред 5 децении!? - Само луѓе исполенти со апостолски визии и со Светиклиментов дух можеа да бараат да се возобнови она што ни е од Бога дадено и она што со векови сме го имале и го заслужуваме како верен народ. Нема поправеден суд од судот на времето и историјата! - А тој суд веќе говори дека и во право и во вистинско време се донесени одлуките за возобовување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.
Охридската архиепископија била и останала Македонска црква, црква на македонскиот народ. Била и останала наша црква, како што е наше и името македонско, како што е македонска и нашата култура и нашиот јазик, и нашата земја. Охридската е Македонска црква, како што Македонската е Охридска! Така било и така ќе остане засекогаш: како наше писмо пред Господа, како наш знак за препознавање!
Живеејќи пет децении возобновен црковен живот ќе прашам: зарем некоја друга црква ќе се грижеше така за македонскиот православен народ како МПЦ, и овде во Татковината и ширум по светот за иселените и протераните Македонци? Зарем некоја друга црква ќе се погрижеше така и толку за пастирските и духовните потреби на овој наш напатен народ? Дали некоја друга црква ќе ги формираше потребните епархии и институции за подобро функционирање на црковниот живот, зарем некоја друга црква ќе отвореше Македонска Богословија и Македонски Богословски Факултет, дали некоја друга црква ќе ни ја преведеше Библијата на македонски јазик и ќе ги издадеше потребните богослужбени и други книги и списанија? - Дали некоја друга црква ќе го обновеше Плаошник, како тоа што го направивте вие како чеда на Охридска Архиепископија и чеда Светоклиментови. Има уште многу, многу за што треба да Му благодариме на Господа за дарот испратен преку далекувидното дело на нашите претходници. Господ да го награди нивниот труд и нека ни е вечна Црквата наша Македонска и Охридска! „Нека е благословен Бог од ден на ден, зашто го помогна нашето спасение“ (Пс. 67,19). И навистина, со Божја помош растеме во секој поглед: од трите сега имаме десет епархии, со домородно свештенство, монаштво и архиереи.
Возљубени домаќини,
Да Му благодариме на Господа и за трите децении богат духовен живот и растеж на Повардарската епархија. Како потсетување: оваа епархија, како седиште на архиереј, се споменува уште во 16 век, како дел од Пелагониската митрополија на Охридската архиепископија. По укинувањето, пак, на Охридската архиепископија, оваа епархија, со одлука на Цариградската патријаршија се сретнува како Велешко-дебарска, која подоцна од соседните цркви што владееле со Црквата во Македонија била поделена меѓу Скопската и Охридската епархија.
Пред 30 години, благодарение на нејзиниот прв митрополит, подоцнежниот архиепископ Гаврил, се возобнови и Велешката како Повардарска епархија, која е еден од столбовите на нашата Света црква. Во оваа епархија, раководена, со Божја помош, од митрополитот Агатангел, очекуваме уште поголеми постигнувања. Имајќи го него како пастир што си ја полага душата своја за довереното стадо, веруваме дека ќе го доочисти докрај од пред неколку години посеаниот какол и дека нема веќе да дозволи туѓи ветрови и матни води по Вардар.
Нека ни е честит 50 годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридката Архиепископија како Македонска православна црква, 30-те години од возобновувањето на Велешката како Повардарска Епархија, а Вам, Високопреосвештен Владико, нека Ви се множат годините и децениите. Амин! Христос воскресе!
|
| < Претходно | Следно > |
|---|