Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Во посета на Амстердам и Ден Хаг (Шевенинген)
6.05.2008.

 

Sample Image

 

 

По повод Воскресението Христово, протоерејот Зоран Грозданов од Повардарската епархија со благослов на Митрополитот Европски Пимен и Митрoполитот Повардарски Агатангел ги посети македонските православни верници во градот Утрехт, во Краството Холандија, каде отслужи Света Божествена Литургија во римокатоличкиот храм „Св. Антониј“ пред повеќе од 400 верници, на која со Светите дарови се причестија многумина од присутните.


 

 

 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 

 

Исто така свештеникот Грозданов посети многу домаќинства и изврши осветување на повеќе нововселени домови.

 

 

Sample Image
 

 

На втор ден Велигден, свештеникот Грозданов беше во посета на г-нот Љубе Бошковски и г -нот Јохан Тарчуловски во затворот Шевенинген, каде се изврши молебен кон Пресвета Богородица, Свети Климент и сите македонски светии, за нивно што поскорешно ослободување и враќање во нашата земја Македонија. Исто така, при овој чин двајцата се исповедаа и причестија.

 

 

Sample Image
 

 

Протоерејот имаше прилика да им го честита Воскресението Христово на сите затвореници од некогашните југословенски простори кои се наоѓаат таму на кои тој им подари мали икони и велигденски јајца.

 

 

Sample Image
 
Sample Image
 
 
Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >