


| Осветување на црковна трпезарија во с. Брајковци |
| 11.02.2008. | |
На денот на проподобните Ефрем Сирин и Исак Сирин, беше отслужена Архиерејска Литургија во црквата „Св. Георгиј“ во валандовското село Брајковци, а потоа беше осветена и новата црковна трпезарија, која со заеднички напори ја изградија месната заедница Брајковци и општина Валандово.
Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел , а во сослужение на свештенство од гевгелискотот намесништво на Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата се пристапи кон осветувањето на новата црковна трпезарија. Митрополитот Повардарски. г Агатангел на сите заслужни за изградбата на новиот црковен објект им врачи благодарници.
Градоначалникот на општина Валандово, г-н Николче Чурлиновски, кој исто
така доби благодарница за помош при изградбата на трпезаријата вети
дека општината Валандово наскоро ќе започне да финансира и други вакви
проекти во црковните храмови во општината.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|