


| Архиерејска Литургија - Бигорски манастир |
| 21.02.2008. | |
|
На 20. 02. 2008 год,. ден среда, беше отслужена Света Архиерејска Литургија во Бигорскиот манастир. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, а во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и архимандритот Партениј, како и монаштвото на Бигорскиот манастир.
По завршувањето на Литургијата,
Митрополитите Тимотеј и Агатангел извршија осветување на плато во
кругот на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде поставен параклис
посветен на
Св. Серафим Саровски.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|