


| Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста |
| 4.12.2007. | |
|
На празникот на Воведението на Мајката Божја во светиот храм, во
црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужена Света
Божествена Литургија. Со Литургијата чиононачалствуваше Митрополитот
Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на бројно свештенство на
епархијата.
На овој голем христијански празник, Митрополитот Повардарски
благоволи и ги произведе, ѓаконот Александар Попов од Кавадарци во чин
свештеник, и свршениот богослов Драган Тасевски од Велес во чин чтец. Во
превечерјето на празнувањето, беше отслужена Вечерна Богослужба во
истиот храм во Велес, на која беше отслужен Акатист кон Пресвета
Богородица.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|