


| Архиерејска Божествена Литургија во Штип |
| 20.12.2007. | |
|
На празникот на Свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски, во соборната црква посветена на овој Светител во Штип, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Европски г. Пимен.
На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, којшто се причести со Светите Христови Тајни.
извор: МПЦ
|
| < Претходно | Следно > |
|---|