Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Панихида за Миле Поп Јорданов
24.12.2007.
Sample Image  Sample Image
 


На 22. 12. 2007 година, ден сабота, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чининачалствуваше со панихидата, со која се одбележаа 105 години од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. 
На панихидата беа присутни голем број на велешани, а бројни делегации од градот положија свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер. 
 


 
Миле Поп Јорданов е роден 1877 година, во семејство на револуционери и видни претставници на македонската авангарда. Во македонската историја е запишан како истакнат револуционер а како член на ТМРО, дејствувал во реонската чета во Радовишко. Од неговото семејство со значајни револуционерни дела и подвизи се истакнуваат и негови браќа гемиџијата Јордан Поп Јорданов - Орцето и Петар Поп Јорданов. Својот живот го
завршува на 24 годишна возраст во близина на Велес. Неговата трагична смрт е опеана во народната
песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ која Општина Велес ја прогласи за официјална химна на град Велес.
 
 
  Sample Image
 
< Претходно   Следно >