|
19.10.2019. |
|
На денот посветен на споменот на светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Свети пророк Илија“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од велешкото епархиско намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На овој ден беше одбележан и 10 годишен јубилеј од осветувањето на оваа црква.
|