


| Собор на сите македонски светители |
| 7.10.2019. | |
|
![]()
На 06. 10. 2019 година, на празникот Собор на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г.Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА изврши осветување на нов храм во скопската населба Бутел, посветен на св. Јован Крстител. По чинот на осветување на храмот беше отслужена и света Божествена Литургија. На овој ден беше одбележан и 20 годишниот јубилеј на Архиепископот Стефан од изборот за Поглавар на Македонската православна Црква и 33 години од неговата хиротонија во епископ. Повеќе за овој настан на сајтот на МПЦ-ОА. |
| < Претходно | Следно > |
|---|