


| Призив на Светиот Дух, Богословија |
| 2.09.2019. | |
|
![]()
Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание. На Божествената Литургија во параклисот во Богословијата во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, и голем број на свештенослужители, меѓу кои и свештениците-професори во Богословијата. Со проповед се обрати свештеникот Дарко Милев, професор во Богословијата. |
| < Претходно | Следно > |
|---|