|
5.06.2019. |
|
На 05. 06. 2019 година, се изврши осветување на камбаните за новата црква „Св. Јован Крстител“ во Велес. Осветувањето го извршија протоереј Борислав Бобевски, свештеник Игор Пармачки и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Трите ѕвона произведуваат различен тон и заедно ќе продуцираат велелепни звуци со кои се надеваме со векови ќе се одбележуваат сите големи настани во Велес, било да се христијански, општински или државни празници.
|