


| Ново издание од Повардарската епархија |
| 18.01.2019. | |
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов. Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|