|
8.01.2019. |
|
На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на светата Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел го потстрижа во чин чтец богословот Благојче Нешевски од Велес. По завршувањето на Литургијата беа осветени Бадниковите гранчиња, а Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. Потоа, трета година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот Велес.
|