


| Едиција „Библиски настани“ - стрип број 2 |
| 21.02.2008. | |
|
Излезе од печат вториот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“
во кој е обработен расказот за Јосиф.
Расказот за Јосиф е вистински приказ за силната и непоколеблива
вера и надеж во Бога, во Кого, и покрај тоа што бил продаден од своите браќа,
паднал во ропство кај незнабожци, бил искушувамн во домот на Петефри,
па бил наклеветен и фрлен во затвор,
никогаш не престанал да верува и да се надева,
а Бог секогаш му помагал да се избави од страдањата и да победи.
Како што веќе информиравме, едицијата „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во
тираж од 10.000 броја, а ќе излегуваат од печат во определен временски
интервал.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|