Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Ракополагање на свештеник Љупче Силев
12.11.2018.

 

Sample Image

 

 
Sample Image На 11.11.2018 година, во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Црквата го слави споменот на преподобна Анастасија Римјанка, во Неготино, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од велешкото и кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, ѓаконот Љупче Силев од Чашка. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.
 
< Претходно   Следно >