|
13.03.2018. |
|
На 10. 03. 2018 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се одржа 5-ти, јубилеен Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово. Како и минатата година, на овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, речиси целото свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот младински хор. Во рамките на Великопосниот концерт беа изведени десет композиции, поделени во три дела. На почетокот на Великопосниот концерт пред присутните слово изрече и Митрополитот Агатангел, кој го благослови го овој настан.
|