|
Свети Гаврил, епископ Велички |
|
16.01.2018. |
|
На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во предвечерјето на овој ден се отслужи и празнична Вечерна богослужба, на која беше отслужен и акатистот кон светиот епископ Гаврил. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец. Инаку, параклисот во Велес е прв параклис во нашата земја посветен на светиот Гаврил Велички и ова беше прва архиерејска Литургија отслужена во него.
|