


| Рождество Христово - Божик |
| 7.01.2018. | |
|
![]()
На празникот на Рождеството на Нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе ѓаконот Васил Ристовски од Велес во чин протоѓакон. Голем број верници молитвено присуствуваа на Литургијата, а секоја година расте бројот на оние кои застануваат пред Светиот Путир за да ги примат светите Христови дарови. |
| < Претходно | Следно > |
|---|