|
7.01.2018. |
|
На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел присуствуваше на Царските часови со Василиева Вечерна Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, кои ги отслужија свештенослужители од градот Велес. По завршувањето на Литургијата беа осветени Бадниковите гранчиња, а Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. Потоа, втора година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот Велес.
|