


| Света архиерејска Литургија во Струга |
| 25.12.2017. | |
|
![]()
Со свечена архиерејска богослужба во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга вчера беа одбележани 750 години од сликањето на иконата на светиот великомаченик Ѓорѓи (1267-2017 г.), патронот и заштитник на црквата и на градот Струга. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|