


| Канонизација на преподобниот Јоаникиј Ракотински |
| 26.09.2017. | |
|
![]()
На 24 септември 2017, кога Црквата ги прославува преподобната Теодора Александриска и преподобниот Силуан Атонски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, митрополитот дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј, митрополитот повардарски г. Агатангел, Митрополитот американско-канадски г. Методиј, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот брегалнички г. Иларион, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф и епископот хераклејски г. Климент на МПЦ-ОА, чиноначалствуваше на божествена литурургија во соборната црква во Скопје, на која во списокот на светиите беше впишан преподобниот Јоаникиј Ракотински. Светиот Јоаникиј ќе биде литургиски прославуван на 24 јануари, денот на неговото упокојување, а во наредниов период неговите свети мошти ќе бидат изложени во соборната црква „Свети Климент Охридски“, во Скопје, така што верните ќе можат да му оддадат почит, и да попросот молитвено застапништво од него. Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас! Повеќе информаци на сајтот на Скопската епархија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|