|
Aкатист на Пресвета Богородица |
|
6.03.2017. |
|
Во првата седмица од Великиот Пост, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и секоја година присуствуваше на Великопосните богослужби, како и големите повечерија со канонот на Св. Андреј Критски, кои се служат секој ден. Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Козма и Дамјан“.
|