|
5.01.2017. |
|
На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од градот Велес отслужија Царски часови со Василиева Вечерна Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. По завршувањето на Литургијата беа осветени Бадниковите гранчиња. Во црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Велес, исто така беа отслужени Царски часови со Василиева Вечерна Литургија, по што за прв пат во Велес, мноштво дечиња со Литија од оваа црква, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се упатија до Општина Велес, каде беа пречекани од градоначалникот на Општината, г-дин Славчо Чадиев, кој ги даруваше со бадникови пакетчиња.
|