


| Четириесет дневен помен за игуманијата Агнија |
| 23.12.2016. | |
|
![]()
На 22. 12. 2016 година, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, на празникот Зачнување на св. Ана, а по повод четириесет дневниот помен за игуманијата Агнија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, протореј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоереите Стевчо Тошевски, Никола Христоски и Игор Никовски и свештениците Борислав Бобевски и Александар Матески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен Парастос, а Митрополитот Агатангел се обрати пред верниот народ со пригодно слово, во кое изнесе пофални зборови за подвигот на Мати Агнија, со кој таа достојно го изоде патот на спасението и ја заврши овоземната борба.
![]() ![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|